Повторно минусни температури во Македонија
Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево и посвежо со умерен ветер од северен правец кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието и во источните делови и повремено ќе се засилува особено во јужниот дел на Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната од 10 до 16 степени.
Во Скопје сончево и посвежо со умерен до засилен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 15 степени.
01.03.2017 - 17:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа