Амбасада на САД: Мирно да се протестира, да не се заплашуваат новинари
Слободното и мирно изразување мислење е витален дел од секоја демократија, како што се и независните медиуми, ослободени од заплашување, велат од Амбасадата на САД во Скопје по вчерашниот инцидент во кој нападнат а беше екипа на порталот А1 он. Од амбасадата го реафирмираат и ставот кој вчера го исперати Стејт Департментот во однос на процесот на формирање нова влада. „Како што вчера рече американската влада во соопштението од Вашингтон: САД ги повикуваат македонските лидери да формираат нова влада без понатамошно одложување, на начин во согласност со Уставот и со аспирациите на Македонија за влез во Европската Унија и во НАТО. Формирањето нова влада која е посветена на владеењето на правото и на имплементирањето на потребните реформи, ќе помогне за ставање крај на политичката криза која сериозно ги попречува демократскиот и економскиот развој и евроатланската интеграција на земјата. САД ги повикуваат сите страни да го стават интересот на Македонија и на нејзините граѓани пред сè друго, да работат конструктивно и за целосно спроведување на нивните обврски, преземени со Договорот од Пржино“, потсетуваат од Амбасадата на САД во Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа