Скопјанец со куршум во глава пронајден на Треска

48 годишниот Зоран Василевски од Скопје, со куршум во главата си го одзел животот на езерото Треска близу Скопје. Телото на скопјанецот било пронајдено вчера попладне околу 18:30 часот. Сеуште не се познато што го натерало Зоран да си посегне по животот.

Според роднините на Зоран, тој од дома заминал претходниот ден и повеќе не се вратил. Телото е предадено на обдукција.

најчитано сега