ФОТО: Хуманоста на дело - му ја откажале картичката па непознат странец му ја платил сметката

 

На меѓународниот аеродром Тампа се случил настан кој докажува дека сепак луѓето знаат да бидат хумани и да помагаат. Дефинитивно доколку брзате да фатите авион, а одеднаш ви ја откажат картичката ќе се најдете во многу непријатна ситуација. За среќа, постојат добродушни луѓе кои знаат да пружат рака кога е потребно.

Еден корисник на социјалната мрежа "Reddit" одлучил  своето искуство да го сподели со јавноста. Додека брзал да се качи на авион на меѓународниот аеродром Тампа, му била одбиена картичката. Тој заминал да се јави во банката каде што има сметка, а кога се вратил, бил пречекан со вистинско изненадување. Неговата сметка веќе била платена. Тој на својот куфер пронашол порака која што ја сликал и објавил на интернет.

- "Слушнав дека ви е одбиена картичката. Знам какво е чувството. Затоа ќе ви ја платам сметката, но следен пат кога ќе добиете можност, возвратете ја оваа услуга на некој друг! Уживајте во летот! :)"...е пораката која се нашла на куферот на овој човек.

"Ова дело немаше само финансиско влијание, туку ми даде надеж дека на светот се уште има добри луѓе",вели човекот кој го променил погледот кон светот по ова што му се случило.

10:28

најчитано сега