„За заедничка Македонија“: Го осудуваме инцидентот, надлежните да ги пронајдат сторителите и да се открие позадината на истиот
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ го осудува инцидентот на крајот на денешниот протестен марш во кој нападната беше новинарска екипа.
-Го осудуваме инцидентот за кој јавуваат дел од медиумите. Апелираме на избегнување и воздржување од провокации од секоја страна и од секој поединец. Ги повикуваме надлежните институции да ги пронајдат сторителите со цел да се откријат вистинските мотиви и позадината на истиот. Ние сме тука за Македонија, за Заедничка Македонија, и од тоа нема да отстапиме. Да живее Македонија, стои во објавениот статус на официјалната страна на граѓанската иницијатива на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа