Стејт Департмент: Да се почитуваат демократијата и институциите

 

Американскиот Стеј департмент излезе со изјава за ситуацијата во Македонија. САД ги повикуваат сите партии над се да ги стават интересите на Македонија и на нејзините граѓани.

„САД ги повикуваат македонските лидери, без натамошно одложување, да формираат нова влада, на начин во согласност со уставот и македонските аспирации за зачленување во ЕУ и НАТО. Формирањето нова влада посветена на владеењето на правото и имплементирањето на реформите ќе помогне да се стави крај на кризата која сериозно им наштети на демоксратскиот и економскиот развој на земјата, како и на евроатлантската интеграција“ – се вели во изјавата.

 

 

 

 

28.02.2017 - 19:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега