Петрушевски: Раководството и цело ВМРО да се приклучи на иницијативата „За заедничка Македонија“
Ванчо Петрушевски, истакнатиот македонски актер се приклучи на маршот за одбрана на Македонија и рече дека мора да се одбрани Македонија, бидејќи друга татковина немаме.
- Јас сум роден овде, овде биле моите прадедовци и нашите татковци, дојде време за одбрана на унитарна и заедничка Македонија. Сплотено сите под знамето на Македонија! Ова се последните мигови во кои може да ја одбраниме Македонија, веќе не се работи за политика, се работи за нашата Македонија, ова е многу поважна работа, рече актерот.
Тој ги повика сите на маршот за одбрана на Македонија, раководството на ВМРО-ДПМНЕ масовно да ги поддржи за одбрана на Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа