Данев: Граѓаните нема да му дозволат на Заев да ја претвори Македонија во бинационална држава
Ослободувањето на Зоран Верушевски од притвор и откажувањето од предметот „Пуч“ беше јасен чекор на СЈО во насока на заштита на криминалците кои заговараа граѓанска војна, украински сценарија и крв до колена во Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.
Народот ги прочита нивните намери и се крева против редефинирањето на државата. Заев е исплашен и знае дека нема да помине реализацијата на платформата од Тирана, преку воведување двојазичност на целата територија, менувањето на банкнотите и плановите за промена на химната, грбот и знамето. Граѓаните нема да му дозволат да ја претвори Македонија од мултиетничка во бинационална држава.
Секогаш кога Заев е во паника, се активира СЈО. Затоа Катица Јанева излегува на прес-конференции со измислени и фабрикувани случаи. Мислат дека така ќе го покријат срамот што и го нанесуваат на земјата.
Со секоја своја постапка СЈО потврдува дека е алатка која треба да му помогне на аболицираниот криминалец Зоран Заев во разнебитување на државата. Последниот нарачан атак од СЈО претставува и атак врз медиумите кои не се под контрола на СДСМ/Сорос. Порценката на СЈО и СДСМ/Сорос е дека на тој начин ќе ги заплашат и ќе го сокријат пазарењето со државните и национални интереси од страна на Заев.
Нема да ви помине, ниту ќе ви биде заборавено. Веќе сте прочитани. Народот се буди.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа