Доаѓа пролетта - какво време не чека во март

 

Онака како и што се очекува, март ќе донесе променливо време, типично за најава на пролетта.
Во првата недела со исклучок на утрешниот ден кога се очекува дожд, времето ќе биде сончево и стабилно а за време на викендот температурите во некои градови ќе одат и над 20 степени.
Слично време ќе има и во втората недела се до средината а кон крајот и за време на викендот температурите ќе се намалат до 15 степени.
Во втората половина на месецот, според долгорочните прогнози кои не се секогаш прецизни се очекува дестабилизација и период со врнежи од дожд.

Во март не очекува и календарскиот влез во пролетта, а на 26 и старт на летното сметање на времето.

 

 

 

28.02.2017 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега