Приватизиран дел од државната лотарија на Грција

Вчера соседна Грција ја спроведе својата прва голема приватизација со продажба на дел од државната лотарија на грчко-чешки инвестициски конзорциум.

Со договорот, Грција ќе добие околу 652 милиони евра од конзорциумот Ема Делта за продажбата на околу 33 проценти од акциите од државната компанија, пренесува ДПА.

- Ова е силна порака до меѓународната заедница дека Атина е решена и има способност да ја спроведе приватизацијата, изјави вчера грчкиот министер за финансии, Стурнарас.

09:33

најчитано сега