Нобеловата награда за мир може да отиде во рацете на војникот Манинг
Организацијата за заштита на човекови права од САД РутсАкшн собрала околу 100.000 потписи на петицијата за доделување на Нобеловата награда за мир на војникот Бредли Манинг. РутсАкшн собрала доволно потписи за Нобеловата награда да отиде во рацете на војникот осуден за доставување доверливи информации на интернет страната Викиликс.
Организацијата смета дека со ова доделување на Нобеловата награда за мир, би се подобрил угледот на одборот за доделување на наградата.
- Над одборот за доделување на Нобеловата награда стои сенка, рекол во понеделникот Норман Соломон, од организацијата која предаде петиција со 5.000 страници.
Инаку, војникот Бредли Манинг поради доставување повеќе од 700.000 снимки и доверливи документи од воените жаришта во Ирак на интернет страната Викиликс беше осуден на доживотен затвор.