Обама нареди формирање на експертска група за искористување на технологиите за собирање разузнавачки информации

 

Американскиот претседател Барак Обама на шефот на националното разузнавање му нареди да формира експертска група за прашањата на искористување на телекомуникациските и други технологии при собирањето разузнавачки информации,.

Експертите треба да се изјаснат дали САД ги користат своите технички можности за собирање на информациите, за „оптимално да ја штитат националната безбедност“, и при тоа на подобен начин да забележат и други политички фактори, меѓу кои се посочени ризиците од недозволено протекување на информации и неопходноста да се „зачува довербата на општеството“.

Обама уште минатата недела истакна дека негова цел е да ја засили транспарентноста при изведување на програмата за електронско следење, за чие постоење поранешниот соработник на ЦИА Едвард Сноуден ги информира медиумите.

09:09

најчитано сега