Србија лежи на огромна количина злато

 

Србија можеби лежи на огромни наоѓалишта на златна руда, покажуваат најновите геолошки истражувања, но за нејзино ископување потребна е помош од странците, јавуваат српските медиуми. 

Во Србија има многу повеќе златна руда, отколку што досега се сметаше, покажале неодамнешните најнови детални геолошки истражувања во Тимочко магматскиот комплекс во планините во источниот дел на земјата.

Странските компании велат дека дошле до откритие, кое се случува еднаш во векот, додека српските геолози воопшто не се зачудени од таквиот развој на настаните, бидејќи сметаат дека богати наоѓалишта на злато на српска територија се нешто очекувано.

Откривањето на златната руда може да биде пресвртница за Србија, меѓутоа земјата со децении не вложувала во геолошките истражувања на своите рудни богатства, ниту во осовременување на експлоатацијата.

- Со оглед на големата побарувачка на злато на светскиот пазар, доаѓањето на странски експерти, нови технологии и инвестиции во рударството може да биде пресвртница за Србија, смета Милан Бачевиќ, министер за природни ресурси, рударство и просторно планирање.

Тој за „Вечерње новости“ изјави дека геолошките истражувања на злато и други племенити метали во Србија во моментов спроведуваат 13 фабрики, од кои осум се со странски основачки капитал. 

најчитано сега