ДУИ денеска решава дали ќе влезе во Владата

 

Претседателството на Демократската унија за интеграција ја прифати верзијата за употребата на албанскиот јазик, а, како што изјавија претставници на партијата по последната седница, приближени се ставовите со СДСМ. Портпаролот Бујар Османи изјави дека едногласно е дадена согласност за предлог-текстот за албанскиот јазик. 

- Претседателството на ДУИ ги исцрпи сите аргументи во однос на законот за јазикот, и на крај едногласно даде согласност за текстот на овој закон. Го завршивме овој дел од дебатата и утре ќе почнеме со останатите делови за можната хармонизација на една заедничка платформа за заедничко владеење, рече Османи, додавајќи дека има прашања кои треба да се дискутираат, а ќе се отворат денеска.

Денеска се очекува да се одржи седница на Претседателството на ДУИ на која би се разговарало за тоа која опција е прифатлива за оваа партија. 

 

 

 

24.02.2017 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега