СИТЕЛ:Платформата треба да ги спаси Албанците од новиот попис
Платформата треба да ги спаси Албанците од новиот попис. Актуелните демографски поместувања пред се масовното иселување на Албанците и напуштање на традицијата на многудетни семејства ја прават речи си извесна можноста по следниот попис на населението, Албанците да паднат под 20% а со тоа да загубат и голем број права кои овој процент им ги гарантираше со Рамковниот договор. Токму затоа, експертите сметаат дека оваа платформа треба да им гарантира, дека ќе ги уживаат истите права, без разлика што при следното попишување на сите ќе им стане јасно дека во Македонија, нема 20% Албанци.
Во Македонија од нејзиното осамостојување 3 пати се спроведувал попис. Оној во 91 се сметал за некомплетен, па нов попис се спровел во 94тата.
Последниот е спроведен во далечната 2002 година. Тогаш, според официјалната статистика во Македонија живееле нешто под 1,3 милиони Македонци и нешто над 500.000 Албанци што во тој момент претставувала бројка од над 25%.
Тогаш на власт во Македонија е СДСМ, партија која се наоѓа во слична ситуација како денеска, односно и треба поддршката на Албанците за да може Црвенковски да стане Претседател државата на претседателските избори во 2004 година. Албанските политичари тогаш го користат моментот и со СДСМ договараат закон за нова територијална поделба со што се прекројуваат општините како би се овозможило во повеќе градови низ Македонија вештачки да се зголеми бројот на етнички Албанци за тие да надминат 20% или во некои случаи како Струга и Кичево да добијат и мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ тогаш организираше референдум но за СДСМ, некои прашања не заслужуваа одговор. Интересно е што на само 3 дена пред референдумот случајно или не САД ја призна Македонија под уставното име.
Според експертите, ситуацијата и денеска е иста. СДСМ е спремен да даде се за власт, а Албанците, искусно тоа го пакуваат во платформа и чекор по чекор ги реализираат своите цело.
Обид за попис имаше и во 2011 година но тој пропадна откако беше увидено дека албанските попишувачи прават максимални напори нереално да го зголемат бројот на Албанци во Македонија попишувајќи луѓе кои со години се отселени.
Според некои тогашни анализи на германските статистичари во 2011 во Македонија немало повеќе од 18% Албанци.
Ситуацијата и денеска не е многу различна. Голем број села каде што живееле етнички Албанци се буквално празни поради масовните иселувања. Доколку сега би се направил попис, според експертите речи си извесно е дека во голем број општини бројот на Албанци ќе се спушти под 20% со што во овие места, Рамковниот договор веќе нема да важи. За да го спречат тоа, според експертите Албанците со оваа платформа инсистираат Албанскиот јазик да се користи на цела територија, без каде и колку Албанци живеат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа