ВМРО-ДПМНЕ: Новата градинка во општина Центар изградена неквалитетно
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека новата градинка во општина Центар, за која беа потрошени два милиони евра, е изградена неквалитетно.
- Плочникот во дворот веќе е целосно руиниран и уништен. Автомобили поминуваат и се паркираат врз него секој ден. Се полни со вода и при најмал дожд, истакна Илија Илијовски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Центар.
Тој додаде дека градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски троши пари од граѓаните за изградба на неквалитетни градинки и боемски улици и за градба на училиште кое се уште не е изградено.
- Да се занимаваше барем малку со потребите на центарци, немаше општина Центар да биде со најмалку капитални проекти од сите општини, рече Илијовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа