Заев: Прифатливо се што е во рамки на Уставот

 

Претседателот на СДСМ Зоран Зоран Заев коментирајќи ги материјалите што ги добиле синоќа од ДУИ од каде бараат потписи за мандат за формирање влада, нагласи дека е прифатливо се што е во рамките на Уставот и практична потреба на граѓаните од албанската заедница имајќи го предвид и аспектот на потребата на граѓаните од другите малцински заедници.

Прашан дали СДСМ од ДУИ добиле нов предлог закон за употреба на јазиците или само забелешки на законот којшто тие го подготвиле, Заев рече дека материјалите стасале доцна синоќа, лично не ги видел, но оти нивни работни групи ги разгледуваат и ќе излезат со одговор во најбрзо време.

- За нас е се прифатливо што е во рамките на Уставот и сето она кое што претставува практична потреба на граѓаните од албанската заедница секако имајќи го предвид и аспектот на потребата на граѓаните од другите малцински заедници. Тие две рамки уставно да биде издржано и одржливо и практична потреба на граѓаните сето тоа ја претставува рамката на разговорите и јас верувам дека ќе успееме да најдеме решение, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања, на одбележувањето 95 години коморско организирање во Македонија.

Заев рече дека верува оти ќе се изнајде решение со, како што посочи, вака широко поставени рамки исправени со концептот „Едно општество за сите“.

- Првата работа која што ја гледаме при вакви договарања е Уставот, дали е во рамки на Уставот и втората работа дали е вистинска практична потреба на граѓаните, да не биде само хир, да не биде нешто кое што е само политизација. Конечно да ги решиме овие работи за да можеме да продолжиме понатаму, изјави Заев.

Според Заев, можно да се изнајде брзо решение и час поскоро да се добијат потписите со што би се влегло во уставната рамка за 20 дена за составување влада. Причина повеќе да се забрзаат одлуките од политичките субјекти кои разговараат, посочи Заев, се и локалните избори со оглед на роковите за нивно распишување. 

 

- Не знам како толкуваат уставните експерти и правниците, 70 до 90 дена е рокот за распишување на локалните избори. Ако тоа е првата половина на мај, 7 или 14 мај, тогаш роковите се наближуваат, тоа е 4 март, а веќе е крајот на февруари за решение за распишување на изборите, изјави Заев. 

 

 

 

17.02.2017 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега