ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар да поднесе пријави за Скопје 2014

После оваа прес конференција на партиската комисија на Жерновски за истражување на законското спроведување на проектите од Скопје 2014 кое е преполно со политички квалификации наместо правни и прецизни фaкти, без конкретни членови кои се нарушени и која личност конкретно ги нарушила, манипулации со вистината и пласирање на неточни формулации, Жерновски треба да излезе и да се извини за сите досегашни негови обвинувања дека проектот Скопје 2014 та е незаконски и криминален. Оваа алиби прес конференција базирана на полувистини, невистини и манипулации и поткрепена со општи и нејасни пред се политички формулации без правен основ и тежина, за ВМРО-ДПМНЕ беше очекувана уште од првиот ден. Не само затоа што комисијата ја води нереализиран политичар како Слаѓана Тасева која е прва во македонската историја што се обиде, но неуспеа да собере потписи за претседателски кандидат, ниту пак затоа што ова е само начин опозицијата да најде причина да им плати хонорари на Тасева и Драган Малиновски и на општинска сметка да ја поминат половина година за нивните услуги во јавните настапи критички кон ВМРО-ДПМНЕ, туку пред се затоа што сите проекти во општината се законски и транспарентни.

Од наши извори во општината знаеме дека комисијата се изнамачила да формира заклучоци кој ќе звучат негативно за проектот а притоа да нема да има можност оние кои ги искажуваат обвиненијата да бидат тужени за клевета. Затоа е прибегнато кон општи и чисто политички заклучоци и фрази, без правна поткрепеност. Како и да е, подготвени се и институциите и партијата и поединци кои работеа на проектот да одговараат поединечно за сите точки наведени на пресот колку и да се тие општи и политички и тоа ќе го направат за кратко.

Ако имаше нешто незаконско веројатно СДСМ и Жерновски на пресот ќе играа оро на чело со Бранко Црвенковски, а вака само се сплеткаа во сопствените погрешни очекувања, и откога не најдоа ништо незаконски излегоа со паушални оценки без директно посочување кој и што конкретно направил надвор од законот. Колку само апсурдна беше нивната прес конференција покажуваат и целиот куп на гафови и глупости кои ги кажаа од типот дека несмеело да се градат мостови.

 

Ги повикуваме веднаш да поднесат пријави, општината го има тоа право, а ако не поднесат тогаш очигледно се работи за невистинито партиско одработување без факти и аргументи. Префрлањето на топката кај обвинителството е само доказ дека немаат ништо и тргаат во план да се вадат потоа дека демек тие принеле документи ама обвинителството не постапува, што во основа е евтино и потпросечно сценарио кое само на Жерновски и на неговите компањони може да им текне. Ние ги повикуваме тие да поднесат тужба, имаат право на тоа, наместо да ја префрлат топката бегајки од можноста за контратужба  за лажно обвинување.

Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

16:29

најчитано сега