Озрачени десет работници во Фукушима
Компанијата „Токио електрик пауер“ која управува со хаварисаната нуклеарна централа „Фукушима“, денеска соопшти дека десет вработени, кои работеле на расчистувањето биле изложени на мала доза радијација, што е регистрирано на нивните лица и коса.
Силниот земјотрес и последователното цунами во март 2011 година го оштетија погонскиот дел и системот за ладење на нуклеарната централа во Фукушима, по што дојде и до значителна радијација.
Засега се испитува како дошло до озрачување на работниците, а како една од можните причини се наведува радиоактивна прашина.