Јанкуловска: Ги следиме состојбите во сите области - ако има потреба веднаш ќе реагираме

Денеска министерката за внатрешни работи на Македонија, Гордана Јанкуловска, оствари редовна работна средба со раководството на полициската станица во Дебар, а се разговарало за тековните состојби во поширокиот дебарски регион, за покарактеристичните прашања и проблеми со кои се соочува полицијата, посебно со проблемите кои граѓаните ги посочуваат како значајни за да бидат решени.

- Она што радува за дебарската полиција, во делот на полициското работење состојбите континуирано се подобруваат и споредено со минатата година кривичните дела бележат намалување за 4 отсто додека прекршоците од јавниот ред и мир за дури 20 отсто, рече Јанкулоска.

Според неа, по резлизацијата на оперативната обработка „Милка“ каде што беше спречена една поголема група која се занимаваше со недозволена трговија, криумчарење жив добиток, во делот на македонско-албанската граница кај Дебар, состојбата во тој дел е целосно стабилизирана и нема поголеми проблеми. - Упатувам порака дека ние и понатаму ќе ги следиме состојбите и во оваа и во сите други области и секаде каде што има потреба и ригорозно ќе реагираме, сето тоа во интерес на граѓаните, додаде министерката за внатрешни работи.

- Безбедносните служби во континуитет ги следат состојбите и прават проценка дали, кога и како треба да реагираме. Граѓаните треба да бидат спокојни бидејќи состојбата е стабилна. Ќе продолжиме да ги следиме состојбите и доколу има потреба на најсоодветен можен начин во дадениот момент и ќе реагираме, изјави Јанкуловска.

 

16:18

најчитано сега