Пломп порачува: Да не се губи време и да се формира влада
Холандскиот амбасадор во Македонија Ваутер Пломп денеска го повтори ставот на еврокемсарот Јоханес Хан дека нема време за губење во однос на формирањето нова влада во земјата и потенцира дека тоа сега е во рацете на сите политички партии и оти зависи од нив. Новата влада, според него, треба да биде реформска и да се фокусира на одговорноста и отчетноста.
- Во однос на последните случувања и преговорите за формирање нова Влада, можам само да го повторам ставот на еврокомесарот Јоханес Хан, а тоа дека е нема време за губење. Во исто време можам да кажам дека тоа зависи само од партиите и оти е во рацете на политичарите, рече холандскиот амбасадор кој присуствуваше на презентацијата на Истражувањето насловено „Неосновано притворени-правни и буџетски импликации“ во ЕУ Инфо центарот во Скопје.
Холандија, додаде тој, се надевам дека Македонија ќе има влада којашто целосно ќе биде фокусирана на реформите.
- И не само реформи, секако, една од битните работи на која што новата влада ќе треба да се фокусира е одговорноста и отчетноста. Кога зборуваме за отчетност тоа значи поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство, како и поддршка од сите актери, како судовите, за да може СЈО да ја заврши својата работа независно, рече Пломп.
Холандија, потсети тој е долгорочен поддржувач на Владата на Република Македонија во процесот на сите реформи потребни за зачленување на земјата во ЕУ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа