ВМРО-ДПМНЕ: Милчин и неговите невладини пајташи го погребаа граѓанскиот сектор во Македонија

СДСМ/Сорос и нивните мегафони молчат за донацијата од 118.000 денари кои невработениот студент Ивана Туфекџиќ му ги даде на аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

Оваа квази-граѓанска активистка парите во висина од 40 студентски стипендии наместо да ги донира кон граѓански организации, ги донираше на политичката партија за чиј интерес се претставуваше како студентски активист и дел од платеничката насилна шарада на СДСМ/Сорос.

СДСМ/Сорос и мегафоните молчат и за донацијата од 184.000 денари кои соросовиот платеник Павле Богоевски ги донираше на сметка на СДСМ. Богоевски на улица се шеташе со уста полна со термини како правда и независно граѓанство, а парите ги даде на аболициран криминалец за чиј интерес демолираше и уништуваше споменици. Како заслуга за вандализмот во служба на СДСМ/Сорос се најде на нивната пратеничка листа.

Денес на сите веќе им е јасно дека Туфекџиќ и Богоевски, исто како и Лидија Димова и ред други квази-активисти се само слепи послушници на нивниот ментор Владе Милчин кој преку ден се претставуваше како невладин сектор, а навечер блудничеше во прегратките на СДСМ.

Милчин и неговите невладини пајташи го погребаа граѓанскиот сектор во Република Македонија, ставајќи го во потполна и беспоговорна служба на политичкиот партнер на Сорос, СДСМ. Овие луѓе цел живот го посветија под панданот на борба за граѓанскиот сектор да ја сузбијат секоја мисла различна од нивната соросова доктрина.

Токму затоа на Македонија и е неопходен процесот на десоросоизација, после кој на површина ќе останат само вистинските здруженија и организации кои ќе се борат за интересите на граѓаните, а не за својот џеб нафатиран од милионите кои Сорос ги истура за да ги спроведуваат неговите политики.

 

 

 

15.02.2017 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа