Пропадна најавената средба меѓу Ахмети и Села
Иако од партијата на Села претпалднево ја најави средбата на Ахемти и Села, вечерва на состанокот наместо лидерот на ДУИ се појави потпретседателската тројка на ДУИ,Меџити, Арифи и Бејта која преговара со тимот на СДСМ, пишува Телевизија 24.
Од ДУИ не откриваат зошто се смени агендата на нивниот лидер, а нема одговор ниту од партијата на Села.
Според неофицијалните информации во шатабот на патијата не е ниту Зијадин Села Алијансата ја претставуваат Арбен Таравари, Агрон Ферати , Арта Точи и Флакрон Беџети.
Во пресрет на средбата меќу ДУИ и Алијансата за Албанците од БЕСА порачаа дека нивниот лидер Билала Касами нема намера да се среќава со Али Ахмети.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа