Америка прислушува и во Москва?
Еден од серверите на глобалниот систем за следење на податоците на интернет се наоѓа во Москва, објави „Ведомости“, повикувајќи се на информација од Едвард Сноуден.
Рускиот весник пренесува дека постојат 700 сервери на системот „ЕксКискор“ (Xkeyscore), меѓу кои и еден во Москва.
Весникот посочува дека сервер нема само во земјите каде нема американско дипломатско претставништво.
Нема никаков коментар од Руската Федерална служба за безбедност и американската НСА за оваа информација.
14:57