Погледнете какво време не очекува утре

Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево. Во јужните подрачја претпладне ќе има мала до умерена облачност, а преку денот ќе биде претежно сончево со слаб ветер. На повисоките места и на планините ќе дува умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус еден, а дневната од четири до девет степени.

Во Скопје слично време, сончево со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе достигне до седум степени.  

Во наредните денови ќе преовладува сончево време. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, особено во четврток кога ќе биде најтопло, а утринската температура ќе биде релативно ниска. Од петок и за време на викендот ќе има услови за појава на магла по котлините и по речните долини. 

 

 

 

13.02.2017 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега