Груевски: Потребни ни се нови предвремени избори со јасен победник

Кризата продолжува, се менуваат одредени фази на таа криза и има одредени различности. Нам ни требаат предвремени избори со јасен победник, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за ТВ НОВА.

-Ако загубиме со еден пратеник нема да бидеме недостоинствени како СДСМ, да играме политички партии, да се нудиме на сметка на националните и државните интереси, бидејќи и државата губи со нивните понуди. Нема да го правиме тоа. Доколку имаме еден пратеник помалку ќе се бориме во парламентот со сите демократски средства, во нема да бидеме како СДСМ. Изгубија, а излегоа на прослава и до ден денес велат победиле. Колкаво е тоа недостоинство. Потребни ни се превремени избори. Подобро е да биде појасна победата, чија и да е, но потоа да му се овозможи да формира Влада, истакна Груевски.

 

 

 

12.02.2017 - 00:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега