Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ работи за подбра сообраќајна инфраструктура

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период активно и посветено работеше на подобрување на сообраќајната инфраструктура во државата, отпочнувајќи со реализација на патни решенија кои со децении во државата биле запоставувани и за кои некои претходни влади не изготвиле ниту проектна документација, рече денеска на прес-конфренција Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи дека во завршна фаза е изградбата на експресниот пат Велес-Штип до Кадрифаково во должина од 25,9 километри. Останато е поставувањето на сигнално сигурносни уреди на двата железнички премини и наскоро граѓаните од источна Македонија треба да имаат современо патно поврзување со коридорот 10.

Во наредните месеци треба да почне изградбата и на експресниот пат од Штип до Кочани кој ќе се реализира во две фази од Штип до Крупиште и втора фаза од Крупиште до Кочани со вкупна должина од 28 километри. Дополнително во текот на оваа 2017-та година се очекува отпочнување на реализација на 3 други експресни делници, за кои тендерската постапка е во тек или се чека одобрување. Во 2017-та година се очекува отпочнување на градба на експресен пат Штип–Радовиш во должина од 40 километри, експресен пат Ранковци-Крива Паланка во должина од 12,5 километри и фазна изградба на експресен пат од Градско преку Росоман до Дреново во должина од 33,5 километри. Со финализација само на овие делници во Македонија сообраќајната мрежа ќе биде подобрена за 140 километри експресни патишта, кои ќе придонесат за побрз и побезбеден сообраќај, подобрена стопанска комуникација и поголем локален развој, истакна Стојаноски.

 

Најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и во иднина да работи за подбра сообраќајна инфраструктура која, како што наведе, ќе значи не само подобра комуникација, туку поголема шанса за економски прогрес.

 

 

 

11.02.2017 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега