Русија му понуди и работа на Сноуден

 

Поранешниот соработник на американските тајни служби Едвард Сноуден добил и понуда за работа во Русија. 

Имено, најголемата руска социјална мрежа му понудила работа на Сноуден. За ова извести портпаролот на мрежата „Виконтакте“, Георги Лобушкин, кој информираше дека Сноуден бил поканет да работи на безбедноста на комуникациите на рускиот интернет сајт. 

За потсетување, поранешниот работник на американските тајни служби доби привремен азил во Русија откако претходно беше заглавен во транзит зоната на московскиот аеродром.

12:56

најчитано сега