Беата Шидло: Брегзит покажува дека ЕУ има потреба од реформи

Полскиот премиер Беата Шидло изјави дека одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ е јасен сигнал дека Унијата има потреба од реформи.

Таа посочи дека земјата верува оти гласовите на националните држави и на националните парламенти треба да бидат слушнати при носењето одлуки во ЕУ.

- Убедени сме дека работејќи заедно ќе успееме да се спротивставиме на предизвиците на иднината, истакна Шидло.

Таа додаде дека за Полска, заедничкиот пазар е едно од најважните достигнувања на европската интеграција

 

 

 

09.02.2017 - 22:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега