Ердоган во Анкара разговараше со директорот на ЦИА

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара се сретна со директорот на ЦИА, Мајк Помпео, кој претходно денеска пристигна во официјална посета на Турција, јави агенцијата Анадолија.

Ердоган го прими шефот на американската разузнавачка агенција во претседателската палата во Анкара, прецизира агенцијата, повикувајќи се на извори од неговиот кабинет.

Помпео претходно денеска се сретна и со својот турски колега, Хакан Фидан, шефот на турската разузнавачка служба МИТ, пренесоа американските медиуми, цитирајќи го кабинетот на Ердоган. Фидан присуствувал и на средбата што следела во претседателската палата.

Разговорите во турската престолнина најверојатно ги вклучуваат и плановите за евентуална операција за преземање на Рака, утврдувањето на Исламска држава во Сирија, изјави анонимен извор од безбедносните служби, цитиран од американските медиуми.

Посетата на Помпео доаѓа по телефонскиот разговор од пред два дена меѓу претседателите на двете земји. Ова е прва посета на странство на Помпео, откако минатиот месец ја презеде функцијата

 

Click

09.02.2017 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега