Овенот ќе ви го загорчи животот, Рибата ќе ви ја покаже вратата…

Погледнете како реагираат хороскопските знаци кога ќе ги изневерите. Овенот ќе ви го уништи животот, Рибата ќе ви ја покаже вратата…

Овен

Жените од овој хороскопски знак ќе му го загорчат животот на партнерот кој ги изневерил, но со таков манир што светот ќе му се заврти. Прво божем ќе прости, но тоа не значи дека ќе го проголта предавството. Жената Овен темелно ќе ја подготви својата одмазда и ќе му набие такви рогови, што ќе му држат влага цел живот.

Бик
Веднаш по првата изневера на мажот нема да следи разделба, но сепак тој ќе мора многу напорно да работи. Тој ќе биде принуден да се труди деноноќно за да ја одоброволи својата партнерка. Ако престане да заработува добро, ќе биде исфрлен од домот.

Близнаци
Жените од овој знак дејствуваат импулсивно и не се знае како ќе реагираат на таква вест. Токму тоа што никогаш не знаете дали ќе ви ја исфрли облеката преку тераса или ќе ви прости е застрашувачкиот момент кај нив.

Рак
Раковите тешко би простиле неверство, но не би се одлучиле за разделба веднаш. Ќе мислат ќе страдаат, ќе поставуваат прашања и на крајот ќе најдат сили да продолжат понатаму.

Лав
Подобро не изневерувајте ја жената од овој хороскопски знак, не, ако не сакате да ја изгубите! Таа нема да прости, директно ќе ви го собере багажот и ќе ви каже “Збогум!”

Девица
Жените од овој знак не сакаат да прават скандали, но ќе доживеат толку силна болка што и вие ќе се расплачете со нив. Повредената Девица ќе плаче ден и ноќ, додека не го натера партнерот кој ја изневерил да ја се моли на колена.

Вага
Само не очекувајте да ве моли. Жената од овој знак ќе ве погледне од високо и ќе ве скрши. Нема да ви прости и нема да ви даде втора шанса, бидејќи постојат многу додворувачи. Некој друг со задоволство ќе ве замени.

Шкорпија
Тешко ќе изневерите жена од овој знак, бидејќи ќе ве следи од близу од почетокот на врската. Таа е опседната и нервозна. Ако пак се осмелите да скршнете, таа сурово ќе ви се одмазди.

Стрелец
Многу веројатно е заради изневера, да дојде до разделба. Жената Стрелец не може да ги проголта болката и навредата. Ќе ве шкртне со леснотија и веќе нема да помисли на вас. Пред тоа, сепак ќе ве натера да зажалите за стореното.

Јарец
Љубоморната и злобна жена Јарец постојано ќе ве потсетува на изневерата, се додека сами не си го соберете багажот. Постојано ќе ве следи и тоа во еден момент ќе ја направи вашата врска невозможна.

Водолија
Генерално не е љубоморна и би простила едно неверство. Би го направила од љубов, но нејзиното трпение има граници. Ако ја предадете втор пат, ќе ви исфрли и од домот и од животот.

Риби
Изгледа нежна и ранлива, но таа е исклучително силна жена. Жената Риба ќе ви ја покаже вратата, без да бара никакви објаснувања и оправдувања. Ако ја предадете еднаш, таа ќе го затвори своето срце за вас.

 
 
09.02.2017 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега