Скопје: Му влегол на час и го претепал

Околу 21.00 часот синоќа во Скопје на улицата „Бел Камен“ во студио за модерен танц, додека траел часот дошол Б.Р. од селото Батинци, насилно ја отворил влезната врата и се упатил кон  23-годишниот Н.В. од Скопје. Насилникот го нападнал, а откако присутните успеале да ги раздвојат, Б.Р. излегол надвор и повикал уште две лица по што сите заедно влегле во објектот, насилно го изнеле скопјанецот надвор и започнале да го удираат со тупаници и клоци во пределот на телото.

Полицијата информира дека по нападот напаѓачите со возило побегнале во непознат правец. Н.В. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Скопје каде му биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Причина за нападот било тоа што Н.В. вежбал со 19 годишна девојка која е во љубовна врска со насилникот.

 

 
 
09.02.2017 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега