Се измочал во кревет, па очувот го казнил на страшен начин кој го довел до смрт

Малиот Јанис (5) е пронајден само по гачиќките во каналот во Ер сир ЛА Лиса во Франција бидејќи срцето му застанало откако неговиот очув го претепал и го натерал среде студената ноќ да трча надвор - бидејќи се измочкало во кревет. 

Очувот (30) и мајката (22) задржани се во полиција бидејќи се сомничат дека детето долго време го злоставувале. Отворена е истрага поради убиство, а првите информации покажуваат на тоа дека детето починало од срцев удар.

Истрагата ќе покаже дали детето починало од студот како последица од можен пад или од злоставување, изјавил потпаролот на француската полиција. 

Обвинителот вели дека момчето било приморано да трча по стазата долга неколку километри покрај каналот.

- Очувот, како што се наведува, го пратил на велосипед, а детето подоцна е пронајдено во бесознание со повреда на главата.

Наводно очувот и мајката повикале Брза помош откако го пронашле онесвестен 200 метри одлаечен од нивната куќа.

Една соседка вели дека мајката на момчето неодамна се доселила и дека за неа малку се знае. Парот наводно се венчал во 2015 година, а малиот Јанис им било единствено дете, пишува Дејли Мејл.

 

 
 
08.02.2017 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега