Дете обезбеди изум за откривање на мини кој е подобар од оној на Армијата

Ученик од Индија кој има само 14 години доби 50 милиони рупии или 730.000 долари од зделка со индиската влада која го обезбеди неговиот изум за откривање на мини од воздухот преку посебен дрон, информира „Мирор”.

Летечкиот уред на Харшвардхан Зала Дом од градот Гужарат може да спаси илјадници животи, затоа што открива и уништува на нов и ефикасен начин оружје кое е под земјата.

Наводно, иновација на момчето е подобро од сето она што се користи во моментов од армијата во земјата. Ученикот почнал да се занимава со прототип на специјалниот дрон лани откако прочитал за големиот број смртоносни инциденти предизвикани од скриените мини.

„Првично создадов робот за откривање на мини, но сфатив дека поради сериозноста тој ќе се запали и затоа што ќе носи и разурнувачки материјали, еве зошто решив да направам дрон, кој ќе ги открива објектите од безбедно растојание”, вели момчето.

Дронот како прво ја детектира мината преку инфрацрвен сензор, а потоа со детонаторот, кој тежи 50 грама ја уништува.

 

 
 
08.02.2017 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега