Ученици нападнати на автобуска во Скопје

Во 19 часот во Скопје е пријавено дека истиот ден со почеток од 13.00 часот во средното училиште „Зефљуш Марку“ се одржал турнир во фудбал на ниво на средни училишта од Скопје. Во периодот од 13.00 до 14.00 часот играле  училиштата „Илинден“ и „Боро Петрушевски“. Околу 15.30 часот учениците од “Илинден“ отишле на последна автобуска постојка на број 9 и тогаш им пришла група од околу 30-тина лица, поголемиот дел ученици во другото училиште, кои употребувајќи најразлични предмети ги нападнале.

Полицијата информира дека истите успеале да избегаат во угостителски објект кој се наоѓал во близина, од каде повикале такси. Петмина од вкупно девет ученици отишле кај директорот и го запознале со настанот, по што тој во 16 часот и 35  минути пријавил во полиција.

Кај Д.М. (18) и Д.А. (18) биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај Б.С. (18), М.Н. (18) и Н.С. (18) биле констатирани телесни повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 
 
08.02.2017 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега