Ограбена катната гаража Тодор Александров во Скопје

Вчера во 15.30 часот во Полициската станица Центар, вработен во Градски паркинг-Скопје пријавил дека ноќта непознат сторител извршил тешка кражба во катната гаража „Тодор Александров“, лоцирана на улица „Даме Груев“. 

Сторителот насилно ги отворил  противпожарните складишта и од истите одзел деведесет гумирани црева, педесетидве млазници и пет цевки за млазници.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. 

 
 
08.02.2017 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега