УХМР информира: Охридско денеска под дозволениот минимум

Нивото на Охридското Езеро е за еден сантиметар под дозволениот минимум, соопшти денеска УХМР.

Управата информира дека водотеците имаат тренд на намалување и предупредува на внимателно движење покрај нив.

Неделната хидролошка анализа покажува дека нивото на реката Вардар кај Јегуновце, Скопје и Велес било повисоко од просекот за овој период во годината, додека на Вардар кај Демир Капија и на останатите реки, Треска, Пчиња, Крива Река, Брегалница,..., варира.

Водостојот на Црн Дрим, пак, од понеделник до петок се движел меѓу 18 и 33 сантиметри што е драстично под просекот кој изнесува 123 сантиметри. 

 
 
08.02.2017 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега