НБРМ: Девизните резерви 2.557,1 милиони евра

Девизните резерви во Народната банка на Република Македонија заклучно со вчера изнесуваат 2.557,1 милиони евра.

Според објавените податоци на Народната банка на РМ, тие се намалени за 56,3 милиони во однос на крајот на четвртиот квартал од претходната година, кога инзесувале 2.613,4 милиони евра.

Во однос на првиот квартал од минатата година се зголемени за 290,8 милиони евра кога изнесувале 2.266,3 милиони евра.

 
 
08.02.2017 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа