Познат голем супермаркет отпуштил продавачка бидејќи изела две парчиња пршута

Вработена добила отказ откако за паузата за ручек изела две парчиња пршута од продавницата „Интерспар“ во Задар. Сузана Шешо работела во продавницата цели 11 години, од самото отворање.

Таа била фатена на сигурносните камери како јаде две мали парчиња пршута без одобрение од менаџерот.

Иако по ваква постапка би требало да следи само опомена, таа била отпуштена на лице место.

Хрватката решила дека ќе ја тужи компанијата, по отказот во септември минатата година.. Но, Општинскиот суд во Задар вчера ја укинал првостепената одлука за оштета на Шешо и пресудил во корист на „Интерспар“.

 

– Сега сум во позиција да немам што да јадам, бидејќи станав социјално загрозено лице – изјавила Шешо за хрватските медиуми, веднаш по пресудата.

 
 
08.02.2017 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега