Камион падна во провалија кај Куманово
Камион влекач марка „Волво“ вчера околу 8:30 часот излетал од патот кај село Облавце и паднал во провалија, информира денеска РЦУК - Куманово, а случајот го потврди и кумановската полиција.
Според првичните информации, камионот најверојатно изгубил контрола поради влажниот коловоз и неприлагодената брзина. Возачот на камионот В.К. се здобил со телесни повреди, потврија од СВР Куманово.
Како што појаснија, камионот-влекач се уште се наоѓа во провалијата, бидејќи станува збор за непристапен терен и потребна е соодветна механизација за да се подигне.
Во камионот, сопственост на кумановска компанија, се превезувал текстил. Вчера, екипа од СВР Куманово и мобилна екипа од Царината биле на местото на сообраќајката од каде текстилот бил претоварен и пренесен во Царинскиот терминал во Куманово.
Сообракајот, соопштија од СВР Куманово, се одвива редовно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа