Голем пожар кај хотел Евротел во Струга

Голем пожар избувнал синоќа пред 19 часот во дрвена барака во близина на струшкиот Еурохотел.

Пожарот бил забележан од граѓани кои на крај езерската патека пред хотелот се рекреирале и веднаш пријавиле во противпожарната единица во Струга.

-Пожарникарите за кратко време стигнаа пред хотелот и веднаш започнаа со гаснење и локализирање на пожарот во дрвената барака. Спречено е ширење на пламените јазици кон хотелот и на вегетацијата, велат од струшката противпожарна единица. Додаваат дека во пожарот изгорела дрвена барака и дека предизвиканата материјална штета изнесува околу 2000 евра.

 
 
08.02.2017 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега