Гастрономска вечер на италијански специјалитети од Тоскана и Венето

Во „Јавна соба“ денеска ќе биде организирана гастрономска вечер на која ќе бидат презентирани најновите италијански рецепти од регионите Тоскана и Венето.

На посетителите ќе им бидат понудени патесо ф’стаци, бифтек на венецијански начин и многу други италијански специјалитети подготвени од страна на Марк де Јонг.

Гастрономската вечер се одржува во рамки на двегодишниот проект „Вкусот на Скопје“ чија цел е јавноста да се запознае одблизу со нови култури и да ги збогати кулинарските вештини.

 
 
08.02.2017 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега