Еве какви кредити најчесто бараат Македонците

Условите за кредитирање во четвртиот квартал кај населението се олеснети, а побарувачката е зголемена за станбени и потрошувачки кредити, покажува анкетата во која учествувале 14 банки.

Според одговорите од банките, кај претпријатијата се исто така олеснети, а побарувачката е зголемена, но двојно послаба од претходната анкета на банкарите.

Анкетата покажува дека претпријатијата барале помалку кредити во споредба со очекувањата, а побавувачката кај населението е во рамки на очекувањата.

За првиот квартал од годината банките очекуваат да се задржи динамиката за олеснување на условите за крердити, а побарувачката за кредити да биде зголемена и кај претпријатијата и кај населението. 

 
 
08.02.2017 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега