Владата на Зимбабве до американскиот амбасадор: Нека се обеси на дрво со банани

Владата на Зимбабве остро критикуваше американски дипломати кои се загрижени поради влошувањето на ситуацијата во врска со човековите права во државата.

Амбасадата на САД во Хараре издаде соопштение во кое се укажува на „континуирано влошување“ на човековите права во Зиммабве. Причина за загриженост во мисијата била апсењето на локален пастор кој е иницијатор на протестен марш на социјални мрежи.

Во одговор на тоа соопштение, портпарол на Кабинетот на претседателот на Зимбабве, Џорџ Чарамба го нарече амабсадорот на САД „остаток од ужасна ера“, повикувајќи се на конфликтните односи на администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама и долгогодишниот лидер на Зимбабве, Робет Мугабе.

– Амбасадоротна САД мисли дека може да ни командува. Нека оди и нека се обеси за дрво со банани, објави весникот Хералд цитирајќи го Чарамба.

 
 
08.02.2017 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега