Добро одбраните зачини се пожелни но не претерувајте

Познато е дека зачините го даваат вкусот на јадењата, но не треба да се претерува. Некои од зачините не треба да се стават во јадењата пред сите состојки добро да се зготват.

Магданосот при подолго загревање ја губи бојата, цврстината и витаминската вредност, затоа се препорачува да се става во јадењата веднаш штом се тргне од оган или непосредно пред сервирање на храната.

Црвен пипер не се става во премногу загреано масло зошто може да поцрни и на јадењето да му даде горчлив вкус.

Бибер не треба да се готви предолго зошто може да го промени вкусот и да стане одбивен.

Зачините од Индиската кујна пак треба да се готват подолго зошто така се развиваат нивните ароми.

Зачините како рузмарин или ловоров лист слободно може да се готват подолго.

 
 
08.02.2017 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега