Од утре промена на времето - температурите повторно паѓаат

Времето  во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Претпладне во јужните делови се уште ќе има услови за слаб локален дожд, а преку денот облачноста насекаде ќе се намалув. Ќе дува слаб, а во источните делови по должината на Повардарието умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од пет до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до осум степени.

Слаби локални врнежи од дожд и снег се очекуваат во четврток во вечерните часови и во петок претпладне, а температурите ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот ќе биде постудено со пониски дневни температури, а утринските во поголем дел од земјата ќе бидат негативни. 

 
 
08.02.2017 - 08:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега