ВИДЕО: Удар од гром запали рафинерија во Венецуела
Удар од гром предизвика пожар во една рафинерија во Венецуела, поради што повеќе од стотици лица морале да бидат веднаш евакуирани.
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, во порака на Твитер напиша дека и покрај драматичната и страшна сцена, за среќа немало жртви. Пожарот бил ставен под контрола неколку часа подоцна.
Не е направена поголема штета во рафинеријата, а граѓаните се сега вратени во своите домови.
10:28