ВИДЕО: Тинејџерка за 4 месеци ослабела 100 килограми
По ригорозните диети кои започнала да ги применува откако се нашла во смртна опасност поради дебелината, 20-годишната Џорџа Дејвис од Велика Британија за четири месеци симнала неверојатни 100 килограми.
Најдебелата тинејџерка во Британија изгубила 100 килограми откако нејзината тежина за малку не ја убила. Верувале или не оваа млада девојка имала 350 килограми, а сега по само четири месеци има 235 килограми.
- Само сакам да бидам нормална и да имам нормален живот, вели тинејџерката.
Џорџа во април имала запаление на дишните патишта, а потоа имала проблем со инфекција која се ширела по целото тело, па докторите со голема мака едвај и го спасиле животот.
- Среќна сум што сум жива и им посакувам на сите да се чуствуваат задоволни како јас, додава младата девојка.