Бит фест и вечерва со богат репертоар

 

Концертот „Популарни звуци на пијано“, промоцијата на монографијата „Животот е музика“ од академик Георги Здравев и  поетско–музичката манифестација „Засекогаш присутни“, се дел од вечерашната програма на Бит фест 2013.

Посетителите на Заводот и музеј ќе имаат можност да слушнат обработки на популарни балетски и оперски дела за дуо пијано во изведба на Татјана Божиновска и Билјана Димовска.

Дуото Димовска - Божиновска настапува неколку години и на својот репертоар има програма од барок до модерна музика. Досега има одржано повеќе рецитали во Битола, Ресен, Охрид, Скопје, и има учествувано на фестивалите „Интерфест“, „Битфест“, „Златна лира“,...

Академик Здравев е автор на повеќе учебници за средно и високо образование и повеќе книги од областа на музиката. Магистрирал и докторирал на Факултетот за учители во Битола каде бил редовен професор до своето пензионирање. Диригент е и организатор на повеќе опери и концерти со голем број познати солисти и оркестри во земјава и странство. Добитник е на голем број благодарници, признанија и награди за својот труд. Георги Здравев е академик во Светската академија Плато.

Вечерта ќе заврши со рок концерт на групата „Б-52“ во Завод и Музеј.

На Бит фест 2013, кој ќе трае уште 12 дена, во изминатиот месец и половина се реализирани повеќе од 170 културни содржини, а вкупниот број гости кои ги посетиле настаните надмина 55.000.

најчитано сега