Влегле во такси и го нападнале таксистот - разбојништво во Струмица
Вчера во 11 часот и 20 минути во Струмица, тројца насилници нападнале таксист од Струмица.
Се работи за 45-годишниот такси возач И.Н. кој си возилото ги донел лицата на местото на кое побарале да бидат однесени, по што лицето кое седело на предното седиште му ги одзело парите кои биле под пепелникот напред во возилото, додека лицето кое седело позади со рака го фатило за вратот, по што И.Н. успеал да се ослободи, да ги земе парите и да излезе од возилото.
При повторен обид лицата да му ги одземат парите и телефонот, И.Н. почнал да бега и да вика по што лицата побегнале.
Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.